Цвеќара Еделвајс од 2003та до сега креира и работи на полето на организација на свадби и секаков вид на останати прослави и свечености.
Акцентот на нашата работа првенствено беше ставен во делот на свадбите и креирањето на цветните аранжмани. Со текот на времето и нашата еволуција го проширивме опсегот на работа во сите полиња во кои има потреба од креативност (роденденски забави, крштевки, семејни прослави…)
Свадбите беа и останаа најголема пасија на Еделвајс. Како што се вели во една мудра мисла “Тајната на успехот во животот не е во тоа што човек го работи она што го сака, туку да го сака она што го работи” Така и ние ја најдовме нашата.
Цвеќара Еделвајс започнува со работа во 2003г. Претходно тоа беше хоби и можност да се искаже креативноста. За кратко време тоа хоби прерасна во бизнис кој како таков и до денес функционира благодарение на големиот број задоволни клиенти.
Креативната работа се проширува со декорации кои одземаат здив, а кои изобилуваат со креативни решениа кои се вплотени и во најситните детали.
На успесите им нема крај. Но многуте успешно завршени свечености, прослави и настани ни даваат за право да ја побараме вашата доверба.